2win800x200

Костадиновска-Стојчевска: Во Битола има уникатно богатство на чија заштита посветено работиме

Февруари 02, 2023

Битола е богат град, и културно и историски. Секое делче од неа раскажува посебна приказна. Имаме уникатно богатство за чија заштита треба посветена работа“, рече министерката за култура Бисера КостадиновскаСтојчевска која првата работна средба со амбасадорката на САД во нашата држава, Анџела Агелер, ја искористи за заедно да посетат неколку значајни локалитети и институции во Битола.

Bitola

Костадиновска-Стојчевска и Агелер ги посетија археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис и Историскиот архив – Битола, а имаа и средба со пратенички и советнички од овој регион.

Bitola 1

При посетата на локалитетот Хераклеја, се запознаа со текот на активностите во рамките на проектот за конзервација и презентација на мозаици и архитектура на локалитетот, кој треба да биде финализиран до јуни годинава, а за кој беше обезбеден грант од Американската амбасада во земјава.

Bitola 2

Костадиновска-Стојчевска упати голема благодарност до амбасадорката Агелер за стратегиското пријателство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија, за грижата и солидарноста на американскиот народ, кој преку Амбасадорскот фонд во континуитет учествува во заштитата на македонските културни богатства за идните генерации што доаѓаат.

Битола 4

При посетата беше истакнато дека конзерваторските интервенции, кои за првпат се преземаат во олку голем обем токму благодарејќи на овој грант, не само што ќе овозможат зачувување на овие исклучително вредни културни добра по кои е препознатлива Хераклеја туку ќе дадат и ново светло и значење на самиот локалитет.

Битола 5

Локалитетот Хераклеја беше дел и од проектот „Смарт-кул-тур“, кој се спроведуваше во рамките на Програмата на Европската комисија за прекуграничната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија,  со инструментот ИПА 2, за периодот 2014 – 2020 година, како и со средства од Министерството за локална самоуправа и просторно планирање.

Битола 6

Со овој проект се реконструираше „Римскиот пат“ што води од Битола кон локалитетот Хераклеја, со што, како што беше нагласено, целта беше да се приближат вредните историски локалитети до граѓаните и туристите, а да се засили и прекуграничната соработка во регионот.

Покрај обезбедените средства од Министерството за култураЗаводот и музеј од Битола вложува и сопствени средства за одржување и непречено функционирање на локалитетот.

Костадиновска-Стојчевска и Агелер го посетија Архивот во Битола, каде што присуствуваа на презентација на наследството на браќата Манаки при што амбасадорката Агелер, се запозна со значаен архивски материјал, фотографско наследство, со камерата 300, првпат користена камера на Балканот, оригинални негативи од стаклени плочи, оригинални документи.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека широкиот спектар на материјални показатели содржани во фондот на браќата Манаки, кои се во сопственост на Архивот, претставуваше солидна основа за да се пристапи кон нивно соодветно вреднување, презентација и промоција во согласност со актуелната правна регулатива. Таа ја информираше амбасадорката Агелер дека минатата година една од најголемите архивски збирки од семејниот фонд 580 на браќата Манаки – Битола (1853 – 1964) беше прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија искучително значење, за што едногласно се произнесе и Националниот совет за културно наследство.

Костадиновска-Стојчевска и Агелер ја искористија посетата на Битола и за да се сретнат со пратенички од овој регион

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани