2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Тргна возот од Битола, но само за Жабени, не и до Грција

Февруари 01, 2023

 

Со петнаесетина патници, од кои претежно сегашни и поранешни вработени во Македонски железници, тргна првиот воз од Битола за Жабени, кој за жал нема да вози до Грција иако тоа беше првата замисла кога пред четири години се обнови пругата кон грчката граница.

Кинескиот воз денес засвири за да го означи почетокот на оваа железничка линија. Секое претпладне во 10.30 часот ќе има воз за Жабени, село во близина на границата, каде е сместена и индустриската зона во Битолско. Ги прашавме првите патници колку сметаат дека ќе има полза од оваа железничка линија?

„Не ми се верува за патниците, а за работниците за Жабени нема врска. Тие си патуваат од подалечни места, па треба еден саат да дојдат порано во Битола за са стигнат до возот“, рече Бона Трајковска, една од првите патнички за Жабени.

328856009 707365691112056 4153819755529102081 n

Денес возењето беше бесплатно, инаку билет во еден правец ќе чини 43, а повратен 68 денари. Меѓу патниците кои го испробаа првото возење за Жабени по новата пруга беа и пензионери од Македонски Желазници.

„Сакаме да направиме сефте со првиот воз за Жабени. Да видиме како е изградена пругата и станицата таму, да видиме што вложила Железница. Мерак ни е да отидеме да видиме, толку години сме поминале во Железница и сакаме и во иднина наши деца да се вработуваат тука, да придонесат за компанијата“, рече Славица Толевска, поранешна вработена во Македонски железници.

Возењето во еден правец ќе трае девет минути, а возот за назад од Жабени тргнува во 11 часот 

„По толку години дојде денот да се пушти оваа пруга која беше во прекин по распадот на Југославија. Може во иднина да се поврзи и со пругата во Грција“, рече машиновозачот Никола Лисолајски.  

328852910 3124975394459022 1466210236552310908 n

Оваа железничка делница е ставена во функција по 36 години. Проект чинеше 17,2 милиони евра, од кои шест милиони беа обезбедени од ИПА средства, а 11 милиони евра од буџетот.

328267834 503361485055168 209621414393381659 n

327626404 1215247672692568 6011095186148189818 n

328594128 1197571027815831 5445740727759376597 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани