2win800x200

ПРОВЕРЕТЕ! Објавени списоците на корисници за финансиска помош за справување со енергетската криза

Февруари 06, 2023

Министерството за труд и социјална политика утрово ги објави списоците за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза,

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13 февруари. Еве го линкот https://mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-spisocite-na-korisnici-na-finansiska-poddrshka.nspx

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на повозрасни лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени списоците за корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

Веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави список на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани