2win800x200

Oбраќање на градоначалникот Тони Коњановски на Совет: Рекорден број на реализирани проекти во Битола во услови на економска и енергетска криза без владина помош

Март 07, 2023

Во време на енергетска и економска криза, кога централната власт покажа целосна незаинтересираност за поддршка на општина Битола, како локална самоуправа, успеавме, минатата година, да реализираме рекорден број на проекти во инфраструктурата, да изготвиме проектна документација за над 65 нови проекти, да ги стабилизираме јавните претпријатија за да може да функционираат, да ги заживееме културата и спортот и да започнеме со реализација на проекти кои ќе водат кон ефикасност и ефективност, подобри услуги за граѓаните преку дигитализација и да овозможиме урбанистичко планирање, согласно современите потреби на градот, рече градоначалникот Тони Коњановски, за време на денешната расправа на Совет за Годишниот извештај и Завршната сметка за 2022 година. Осврнувајќи се на работата на оваа локална самоуправа во изминатата една година и постигнатите резултати, тој рече дека во вакви услови во последните 17 години не работела ниту една претходна локална самоуправа.

„Вкупните приходи на Општината во периодот од 2018 година до 2022 година бележат зголемување за 433.601.324 денари, односно од 557.837.671 денари во 2018 година приходите се зголемени на 991.438.995 денари. Процентуално зголемувањето изнесува  77,73 %.

Морам да нагласам дека, во периодот до 2021 година, Владата префрлила средства на Општината по неколку основи во износ од 52.381.947 денари, додека во 2022 година не е извршен трансфер од Буџетот на РМ кон буџетот на општината.

Општината има дирекно влијание врз остварувањето на приходите од данокот на недвижен имот на физички и правни лица. Наплатата на даноците на имот во 2022 година во однос на 2021 бележи вкупно зголемување за 23.044.021 денари, односно за 13,55 %. Релизацијата на приходите од данок на имот на физички и правни лица во однос на планираните изнесува 100,62%“, истакна Коњановски.

Работата на новите проектни документации, рече тој, значеше подготовка на проекти кои ќе се реализираат оваа градежна сезона. Тоа, секако резултираше со наменско трошење на парите на граѓаните, како за реализација на градежни работи, реконструкција на улици и патишта, подготовка на проектна документација и други трошоци, со што вкупните трошоци на општината за други градежни работи, во споредба со 2018 се зголемени за 75,65%, односно од  182.520.644 денари во 2018 година се зголемиле на 320.604.011 денари до 2022 годинашто повторно укажува на нашата посветена работа изминатата година и редовното подмирување на обврските кон економските оператори.

„Во споредба со 2021 година, минатата година имаме зголемување во реализацијата за изградба и реконструкција на улици од 25,94 %, за изградба  и реконструкција на пречистителни станици и колектори, зголемување од 163,43 %, а зголемувањето на трошоците за изградба и реконструкција на капацитети за водоснабдување, изнесува 14,85 %. За првпат, заради состојбата во која ги затекнавме повеќето јавни претпријатија, за да може успешно да функционираат, истите ги субвенциониравме со 1.500.000 денари“, рече градоначалникот.

Финансирањето на спортските клубови е зголемено од 36.312.246 денари во 2021 година на 70.880.000 денари во 2022 година или за 95,20 %. Коњановски додаде дека сите овие проекти и активности ги реализирале без владина поддршка, во време кога, трошоците за електрична енергија за 2022 година, во споредба со 2021, се зголемени за 71.242.409 денари или 296,84 %. (скоро 300%)

-И додека локалната самоуправа, континуирано работи на обезбедување доволно средства за реализација на нови проекти, истовремено се грижи за редовно плаќање на тековните обврски од работењето, за разлика од периодот 2018 до 2021 година, кога тоа не било случај, што резултирало со зголемување на краткорочните обврски спрема добавувачи и краткорочните финансиски обврски на општината за 278,65%-, рече Коњановски.

Додаде дека одготвени се за реконструкција и изградба на над 40 улици, адаптација на стационар за бездомни животни, реализација на проектот „Подобра социјална инклузија за млади, спорт и рекреација на потегот Тумбе – кафе – Смолево“, изградба на велосипедски и пешачки патеки, отпочнување на проектот за изградба на нова противпожарна зграда, доизградба на новиот парк во нова Битола, изведба на канализација, колектор и градба за прочистување на отпадни води во НП „Пелистер“,изработката на новиот генерален урбанистички план, а за неколку месеци општината ќе има и целосно дигитализирани услуги.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани