2win800x200

Голем успех на Карате клубот „ЗАНШИН ДО “Битола -Вероника Кочов со мајсторска ката покажа дека сите деца се еднакви

Март 07, 2023

 

На Mеѓународниот балкански турнир „ФУНАКОШИ ОПЕН 2023“ кој се одржа во Скопје на 04.03.2023 год. Карате клубот „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА настапи со 25 натпреварувачи во 34 категории и се закити со 4 пехари, 6 злата, 3 сребра , 11 бронзин. На овај натпревар учествуваа 500 натпреварувачи од 56 клуба од Балканот а Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА беше трето пласиран во генерален пласман и трето пласиран во кати.

Вероника Кочов повторно докажа дека сите деца се еднакви без обзир дали се со типичен или не типичен развој демонстрираќи мајсторска ката со што се закити со златен медал и аплауз од сите такмичари. Со најголем број медали се закити Николај Петковски, вкупно 6 медали и тоа 3 златни, едно сребра и 2 бронзи. Златни медали освоија и Магдалена Попчевска, Наталија Попчевска и Николај Петковски во дисциплина ката тим женски 2016 и помлади, Анастасија Павловска, Теофан Ивановски и Николај Петковски во дисциплина ката тим машки 2015/2014, Николај Петковски поединечно во апсолутна категорија 2016 и второ ниво , Вероника Кочов апсолутна , Алексеј Петковски апсолутна , Надалина Талевска ката женски 2010 год.

ката

Со сребрен медал се закитија: Николај Петковски, Драган Петровски и Бојана Бошкова во ката тим 2015 /2014, Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски ката тим машки кадети /јуниори, Јована Павловска, Стефан Тодоровски и Виктор Ристевски во ката тим машки 2012/2011, со бронзен медал се закитија : Николај Ивановски ката прво ниво 2013год, Бојана Бошкова ката прво ниво 2015 год, Николај Петковски ката прво ниво 2016год. Талевска Надалина кати апсолутна категорија 2010год. Попчевска Магадалена 2016год. ката прво ниво. Павловска Јована 2011 ката женски второ ниво, Јончевска Елена, Алиловска Леона, Емилија Илковска ката тим женски кадети /јуниори, Костојчиновска Ана, Давид Стојчевски и Талевска Надалина ката тиме женски кадети /јуниори, Николај Петковски, Бојана Бошкова и Анастасија Павловска ката тим женски 2015/2014 год.

„Горда сум како тренер бидеќи ова е голем успех за Битола и за Карате клубот „ЗАНШИН ДО “-Битола бидеќи ние сме единствен карате клуб членка во КФМ од Битола кој настапува на натпревари од ваков размер и постигнува висок пласман. На 19 март клубот ќе настапи на Балканскиот турнир ИПОН ЛЕСКОВАЦ и очекуваме резултатот да се повтори“, изјави Стевка Јанковска Петковска, тренер Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА

                                                                                               

                                                                                    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани