2win800x200

Битола има свое Психолошко катче за деца и млади “Растеме и учиме”

Март 09, 2023

Во Битола од неодмана започна со работа Психолошко катче за деца и млади „Растеме и учиме“.

Основната цел е да понудиме креативни работилници во кои вашите деца ќе ги развијат и спознаат своите функционални знаења, креативно мислење, градење и потврдување на позитивна слика за себа, збогатување на флуентноста во говорот, социјални вештини, слобода на израз, експериментирање, толеранција и соработка, имајќи предвид дека секој е различен и таа индивидуалност треба да се прифати и почитува.

Нема достапен опис

Првите 12 години од животот на децата е најважен период за достигнување на оптимален биолошки потенцијал.

Детството е клучен фактор во развојот на децата, за стимулирање на психичкиот, емоционалниот и интелектуалниот напредок.

Работилниците се наменети за деца од предшколска возраст започнувајќи од 4 години и деца од школска возраст до 18 години, во групи со ограничен број.

Исто така работиме и индивидуални  средби за деца, млади и возрасни, во насока на личен раст и развој, се со цел за успешно и конструктивно справување во секојдневниот живот и работа.

Нема достапен опис

Групите ги водат искусни психолози и гешталт советници:

М-р Марина Кузмановска, психлог,  гешталт советник и

Рената Димановска Лиценциран психолог, гешталт советник, базично ново на ЕДРМ терапија.

За дополнителни информации можете да не најдете на facebook страната Растеме и учиме.  https://www.facebook.com/rastemeiucime

Нема достапен опис



Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани