2win800x200

Ковачевски: Со договорот за изградба на коридорите се прави и автопат Прилеп-Битола долг 40 километри

Март 08, 2023

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа прес-конференција по повод потпишувањето на Договорот за изградба на Kоридор и Коридорот 10 д.

 
„Ми претставува огромна чест и задоволство, што, денеска со потпишувањето договорот за Коридорот 8 и Коридорот 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“, стартуваме со реализација на еден од најголемите инфраструктурни проекти во нашата држава.  
 
Ова е историски инфраструктурен проект, со кој исполнуваме една голема стратешка определба, од што пред се бенефит ќе имаат граѓаните, компаниите, но и целокупната економија.   

Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10 д, Северна Македонија добива европски, модерни автопати, со коишто државата ќе стане уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута.

Вредноста на овој крупен капитален проект изнесува 1,3 милијарди евра. Вкупната должина на делниците опфатени со овие коридора е речиси 110 километри. Или конкретно по патни правци:


Делницата Тетово- Гостивар е во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, делницата Требениште – Струга – Ќафасан е близу 22 километри и патниот правец односно автопатот Прилеп – Битола е во должина од речиси 40 километри.


Сега, со изградбата на овие четири нови, модерни автопати, овозможуваме поврзување со нашите соседи, а преку тоа и поврзување со важните поморски трговски пристаништа.

Северна Македонија е природна крстосница, низ која поминуваат двата европски Коридори 8 и 10. Токму ваквата стратешка позиција на Балканот, нѐ прави да сме клучна точка за транзиција, од една страна, како порта за Европа, од друга, преку поврзувањето на Црното со Јадранското море.


Затоа и се фокусираме на изградбата и финализацијата на овие два клучни коридори, бидејќи со нивната изградба ја градиме европската иднина на нашата држава, но и иднината на соседите од регионот“, рече Ковачевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани