Комисијата даде негативно мисење за името на бугарскиот клуб во Битола

Март 16, 2023

Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола

 Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница  даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола.  Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на Здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на  македонскиот народ  имајќи предвид дека се работи за личност блиска  со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество.

Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.

Измените на Законот за здруженија и фондации беа усвоени лани во ноември, по реакциите во јавноста за именувањето на бугарските здруженија во земјава со имиња на контроверзни личности. Со измените здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на личности кои по било која основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, омраза, геноцид, поддршка на фашизам и нацизам. За здруженијата кои нема да се усогласат со законските измени ќе заседава Комисијата за употреба на имиња и личности, па мислењето ќе го достави до министерот за правда кој е обврзан потоа да донесе решение. Ако решението е негативно здружението ќе се избрише од Централниот регистар.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани