2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Две третини од битолчани задоволни од работата на Коњановски, рече Мицкоски во Битола

Март 16, 2023

Две третини од битолчаните опфатени со анкетата на јавното мисење во Битола се целосно или делумно задоволни од работата на градоначалникот Тони Коњановски, изјави лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола каде оставри средба со претставници од Регионалната стопанска комора.

„Дали јас сум задоволен од работата на градоначалникот Тони Коњановски не би можел да зборувам во прво лице единина зашто секако ќе кажам дека сум супер задоволен. Јас оставам да го кажат тоа граѓаните. Во изминатиот период имавме и една анкета на мерење на јавното мислење на битолчани. Можам да кажам дека повеќе од две третини, ако не беше и блиску до 70 проценти, се задоволни или се делумно задоволни од работата на градоначалникот и од локалната самоуправа што претставува историски највисок резултат. Затоа не би сакал јас да зборувам за нас од прво лице еднина ќе биде неумесно, но она што го гледам на овие мерења е дека преовладува една доста висока оценка за работата на Коњановски и градоначалниците кои се дел од новата локална самоуправа“, рече Мицкоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани