2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОУ „Коле Канински“ - Битола со ревијално куглање започна со одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Март 20, 2023

Во соработка со кугларскиот клуб Пелистер - Битола, ОУ „Коле Канински“ - Битола вечерва организира ревијален натпревар по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Ревијалниот натпревар е само најава на она што следува на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

На настанот беше покането и здружението „Порака Нова“ од Струга, чии членови се лица со различни видови попречености, ученици и наставници од „Коле Канински“, и студенти од Славјанскиот Универзитет од Битола, а присутен беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со неговиот заменик Бојан Бојковски. Градоначалникот го поздрави настанот истакнувајќи дека како лекар чувствува поголема одговорност за поголема инклузивност и поквалитетен живот на лицата со Даунов синдром и лицата со попреченост.

slika 1 20

Присутните на настанот имаа облечено шарени чорапи со цел да им се даде поддршка на лицата со Даунов синдром, покажувајќи колку е важно да се прифати разликата помеѓу луѓето. Токму ваква порака директорката на „Коле Канински“испрати преку организирање на настан од ваков вид.

2slika 1 20

- Иницијативата со Игор се покажа добра. Успеавме на единствен начин да дадеме поддршка на лицата со Даунов синдром, со поддршка на градоначалникот. Она што го направивме вечерва не е настан за нив туку за сите нас, за да им покажеме на лицата со попреченост дека сме постојано со нив - изјави директорката Христовска додавајќи дека „Коле Канински“ веќе десетина години е инклузивно училиште кое дава поддршка и работи со лица со различни видови на попречености.

На настанот присутен беше и Игор од Радожда, кој е лице со Даунов синдром. Тој истакна дека во едно општество секој треба да помага секому за лицата со попреченост да можат да напредуваат и да бидат поинтегрирани во заедницата.

3slika 1 20

Како што најави директорката Христовска, активностите не завршуваат тука. Имено, утре, на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, наставниците по физичко образование при ОУ „Коле Канински“ во 9 часот организираат ревијална трка со велосипеди на која учество ќе земат учениците од осмо одделение, а во 12.00 часот во просториите на училиштето ќе се одржи свечена приредба во организација на наставниците и учениците од одделенска настава, со што достојно ќе се одбележи овој ден, под мотото: „Со нас, не за нас“.

4slika 1 20

5slika 1 20

6slika 1 20

7slika 1 20

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани