АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна пролетната акција на Општина Битола и јавното претпријатие „Комуналец“ за почиста и позелена Битола со засадување на 2000 садници претежно во урбаните делови на општината.
„Ова е првиот дел од акцијата 'Сите за почиста и позелена Битола' во која учествуваат сите јавни претпријатија, а упативме и повик до стопанските субјекти во градот да се вклучат во акцијата. Неколку месеци ќе се работи на засадување на садниците на зелен и црвен јавор.Активноста ќе се одвива во неколку фази, а продолжува и во мај и е дел од активностите на Општината за градот да го направиме почист и поубаво место за живеење“, рече Коњановски.
Директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски рече дека денес се започна со засадување на садници на потегот од Брусничка населба до горното Веро, а се очекува да бидат засадени 150 садници.
„Акцијата продолжува на повеќе локации низ општина Битола. Се предвидува да се озеленат нови површини, меѓутоа и обновување на веќе постоечките садници. Дел од локациите каде ќе се сади се улиците Осми Септември, осносно влезот на Битола, Зоолошката градина, новата населба Касарна, делови кај основни училишта и останати локации каде службите ќе предвидат дека е можно засадување во зависност од типот на садниците кои се потребни и можат да опстојат на тој простор“, рече Степановски.
Запрашан што ќе биде приоритет во неговиот директорски мандат одговори дека тоа ќе биде чистењето и разеленувањето на градот.
„Како јавно претпријатие ќе вложиме максимални напори да го зголемиме квалитетот на услугите што ги нудиме за чистотата и зголемувањето на нови зелени површини“, рече Степановски.