СО НАСТАП НА ДУКЕ БОЈАЏИЕВ И БИТОЛА ЌЕ ЈА СЛАВИ ПОКАНАТА ОД НАТО

Јули 13, 2018

Денес со почеток од 21 часот на Широк Сокак пред Центарот за култура и во Битола ќе се одржи прослава по повод поканата на НАТО за членство на Македонија во алијансата. Битолската градоначалничката Наташа Петровска навајвувајќи го престојниот настан насловен симболично „Одиме напред“ рече дека ова е историски момент за Македонија зашто таа во иднина ќе може рамо до рамо со моќните држави да решава за значајни прашања.

 

„Се наоѓаме пред исклучително значаен момент за Република Македонија, би рекла историски. Македонија доби покана за членство во НАТО и дата за преговори за членство во Европската Унија. Со ова Македонија добива шанса рамо до рамо со многу моќни држави од Европа и светот да преговара и разговара и донесува одлуки од бебзедносен, економски аспект и просперитет на своите граѓани“, рече Петровска.

Учесници на општо народната прослава ќе бидат Дејан Декс, Фладер,  Горан Кан и композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев, кој покрај бројните музички достигнувања ја напишал и музиката за филмот „До Балчак“ на Столе Попов, од кого добар дел се снимаше во Битола.  

Битола е меѓу 15 градови во земјата каде ќе се одржат општо народни прослави по повод постигнатиот успех на патот кон евро-атланските интеграции.

37100041 425508174599221 8234927296985694208 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани