БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ ПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ПОГОЛЕМА ОД ПРИЛЕПСКАТА

Јули 13, 2018

Прочистителната станица што во следните две години ќе се гради во Битола ќе го реши горливиот еколошки проблем со загаденоста на водотеците во Битолско. Директорот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ Методи Силјановски, најави дека есенва ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на фирма која ќе ја гради станицата, ќе го догради колекторскиот систем и ќе го врши наздорот.

„Пречостителната станица ќе ги опфајќа отпадните води од Битола, селата Кравари, Долно Оризари, подлеплистерските села. Петтиот канал со пречистителната станица ќе биде 95 проценти чист, се решава и Драгорот и загадувањето на Црна Река од страната на Битола, па потоа и големиот проблем како што е загадувањето на Тиквешкото езеро“, рече Силјановски.

 

За прочистителната станица, која се очекува да ги смени стостојбите, обезбедени се приближно 29 милиони евра. Дури 85 проценти од средствата се преку ИПА фондовите, а 7,5 милиони евра од Владата на РМ.Општината од својот буџет обезбеди 17 милиони денари за експропријација на земјиштето.Прочистителната станица ќе го реши и проблемот со поплавувањето на улиците во повисоките делови од градот за време на поројни дождови.

„Канлизацијата во Општина Битола и во градот е димензионрана пред 35 години за одредени количини на дожд. При поголеми количини на дожд имаме поплавување на одредени делови од градот. Но, со прокетот што е предвиден за прочистителна станица 90 проценти од тие проблеми во градот ќе бидат решени“, рече Силјановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани