АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младите од Пелагонија одбраа да дебатираат за предизвиците со кои се соочуваат во „интернет ерата“ во која што живеат, да научат како и со чија помош да ги надминат емотивните состојби предизвикани од влијанието на интернетот.
Прашањето кое го поставуваат гласно е „Интернет- кој кого користи, јас него или тој мене?!“
На ова прашање ќе се обидат да одговорат гостите - панелисти: Станислав Петковски-специјалист по клиничка психологија, Миа Костова – водител и инфлуенсер, Софија Арнаудова – професор од Филозофскиот факултет и Тони Попов- уметник, поет и сценарист..
Дебатата ќе ја модерира Живкица Каленикова - автор и водител на ТВ емисиите Тунел и Жилет.
Тимот на Про Локал со особено задоволство Ве поканува да поразговараме јавно и отворено за Менталното здравје и младите, дебата која ѓе се одржи на 14-ти јуни, во Офицерски Дом во Битола со почеток во 19 часот.
Јавната дебата е организирана во соработка со 9 граѓански организации и неформални групи на млади луѓе од пелагонискиот регион а во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија
Ве очекуваме, заедно и отворено, да ги изразиме нашите емоции со зборови наместо со емотикони!