АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани на социјалните мрежи реагираат не само на некултурно однесување на некои тинејџери со вовчето Мечо, туку и на нивна агресивност поради што велат дека се соочиле со опасност тоа да се преврти. Родителите кои со своите деца деновиве се возат со Мечо бараат надлежните да преземат мерки пред да се случи трагедија.
-Попладнево, заедно со ќерка ми и еден куп деца, меѓу кои и бебиња се возевме со Мечо, за кој препекавме да ни го вратат. И замислете, деца со точаци одеа по Мечо се фаќаа на последниот вагон за да ги влечи. Целиот вагон се клатеше, го носеа лево десно. Шоферот неколку пати застана за да ги избрка. Преземете нешто пред да се случи трагедија, вратете ги реонските полицајци, забранете точаци во паркот каде што има мали деца и не знаеме како да ги допазиме, пишува една мајка
Младите родители велат дека секојдневно е истата слика со вовчето Мечо, а некултурата и агресивното однесување на тинејџерите е евидентна на секој чекор и е опасно не само за нив, туку и за околината.