Мртво бебе било породено вчера во Битолската клиничка болница, на 21 годишна родилка која пред два месеци се вратила од азил од Германија. Според официјална изјава на директорката на Битолската клиничка болница д-р Елизабета Ивановска, бебето било породено со царски рез, немалтретирано, но за жал не давало значи на живот.
„Породувањето е направено со царски рез, заради вишок на плодова вода, во 36 недела од бременоста. Бебето не давало знаци на живот, со апгар 0. Значи родено со аномалија без срцева реакција, вели д-р Ивановска за „Независен“.
Родилката иако млада, досега имала три бремености претходно, првите две деца и се живородени, додека и во третата бременост ги имала истите симптоми, па и тогаш имала мртвородено бебе, велат од битолската болница.
„До седмиот месец родилката не ја контролирала бременоста била во Германија и така кажала. Кон крајот на седми месец направила прва контрола, кога се вратила тука во градот, за да на 36 недела од бременоста биде упатена на пороѓај со царски рез, заради вишокот на плодова вода. Пред три години имала исти вакви компликации со бременоста, наведува д-р Ивановска.
Ќе се прави обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта кај бебето.
А.Б