АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како рој птици- змејови, учесници на Светското првенство во змејарство што се одржува во Крушево, денес летаа и над Пелистер. Тие беа вистинска атракција за посетителите на планината. Ги имаше над дваесетина. Крушево годинава е домаќин на светското првенство во змејарство и на него учествуваат над 130 пилоти од 21 држава. Змејарството е дисциплина во слободно летање, а змејовите како летала летаат побрзо од параглајдаерите и се поаеродинамични. Курсот на трките може да биде и до 200 километри, а целата е да се поминат за што пократко време.