2win800x200

Секој што знае што е ден работа во РЕК, мора да признае дека рударите се херои- Одбележан Денот на рударите

Август 23, 2023

Почитувани рудари, вие со вашата посветеност и максимални напори сте првите во синџирот на производство на електричната енергија и со гордост претставувате еден од основните столбови на нашата компанија и неразделен дел од нашиот национален енергетски систем. Тоа што го правите вие е херојска работа која заслужува неизмерна почит и највисока пофалба. Затоа во мое име и во името на сите вработени во АД ЕСМ, ви благодарам од срце за вашата работа и посветеност”, порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов на денешното одбележување на Денот на рударите во РЕК Битола.

васко

Секој што знае што значи еден ден работа во рударско – енергетски комбинат, мора да признае дека вработените се вистински херои. Рударите влегуваат на работа и не знаат дали ќе излезат. Не по своја вина, туку заради хировите на природата кои се особено изразени во рудниците, рече директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски на прославата.

пеце

“Од 1 јануари до 31 јули, РЕК Битола произведе 1.436.553 MWh електрична енергија. Тоа е за 3,16% повеќе од произведеното во истиот период лани, а за дури 41,28% повеќе од производството во 2021 година. Во рудниците на РЕК Битола заклучно со средината на август ископани се 2.262.600 тони јаглен. Во моментов, на депонијата за јаглен има 200.000 тони јаглен. Овие количини на јаглен на залиха во РЕК Битола се уште повеќе за респект ако се има предвид дека во рудници се извршуваа операции кои го запреа ископот. Затоа, вработените во РЕК Битола треба да бидат горди на резултатите од работењето на комбинатот годинава.”

Одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола заврши со потпишување на Спогодба за измена на Колективниот договор на АД ЕСМ од страна на генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и на претседателот на синдикалната организација, Јове Смилевски, со која платите на вработените се зголемуваат за 15% почнувајќи од септемвриската плата.

367692047 2575624409262147 7641850993683380719 n

367982397 610814194587652 9189994171157565850 n

367926623 822469672710551 7867590550765628821 n

оваа 333

366795590 625369993019470 2971360632159563234 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани