2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Илинден- 2 Август е наш потсетник за заедништво, рече градоначалничката Петровска пред Споменикот на револуцијата

Август 02, 2018

Почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна, делагација на Општина Битола, Советот  и Сојузот на борци оддадоа пред на Споменикот на револуцијата во центарот на Битола.

 

Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со претставници на двете најголеми политички партии во Советот, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и од независната група Поинаку , претставници на Сојузот на борците од Битола, граѓани  положија свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата пред Центарот за култура.Петровска, честитајќи им го големиот празник Илинден на сите жители на Битола и на сите Македонци, посака подобра идина за нас и за нашите поколенија, во заедничка Македонија.

„2 Август е најзначајниот ден во македонската историја, кој што е симбол на нашата борбеност, истрајност и државотворност. Нека овој 2 Август 2018 година биде наш потсетник за заедништво, за единство по патот кон европската иднина, она што е всушност симбол на глобализацијата во светски рамки. Наместо младите да ни одат во Европа, ние Европа да ја донесеме тука, рече Петровска. Претходно, делегација на Советот на Општина Битола и политичките партии, положија свежо цвеќе и на Споменикот на Илинденците во црквата „Св. Недела“.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски порача денес кога го празнуваме најсветлиот датум од поновата македонска историја ние и генерациите кои доаѓаат имаме обврска да водиме една современа борба за обединување на сите граѓани на Република Македонија.

Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалничката Петровска, го посети и споменикот на паднатите борци во Илинденското востание и НОБ во селото Цапари, каде положи свежо цвеќе. Жителите на селото ја изразија благодарноста до Петровска, затоа што за прв пат некој градоначалник на Општина Битола, за време на празникот Илинден се поклонил пред споменикот на загинатите во ова село.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани