2win800x200

Судовите и обвинителството во Битола со нова фасада ги покриваат боите на „Шарената револуција“

Август 03, 2018

Нова фасада се прави на зградите на Основниот, Апелациониот суд и Обвинителството во Битола. Обновата на фасадите следува по повеќе од две години од „Шараната револуција“во Битола , во мај 2016 година, кога битолчани учесници на протестите ги обоија судовите барајќи оставка од претседателот Иванов и сега екс градоначалникот на Битола Владимир Талески.

 

Скелињата се поставени, страничните делови  од фасадата на Основиот суд добија нов лик, а во наредниот париод се очекува целосна обнова на двете згради каде се сместени судовите и обвинителството. Работите ги изведува фирмата „Бокоп“ –Боровац.

received 298966547507265

После Скопје, Битола беше вториот најактивен град во „Шарената револуција“ уште од самиот почеток. Битолчани гневни на  скандалозната одлука на Иванов за помилување на политичарите, на 7 мај  го обоија Основниот суд во Битола. Потоа протестите продолжија со месеци со барање оставка од тогашниот градоначалник  Талески, зошто против него и дваесеттина негови соработници, превозници  и директори на училиштата, Специјалното обвинителство отвори предистражна постапка поради злоупотреби со превозот на учениците.

Говорниците на протестите пред две години симболично ги врзаа Општината, Судот и Полицијата велејќи дека  тоа е Бермудскиот триаголник на Битола во кој што е изгубена правдата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани