2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ДАРИО ИВАНОВСКИ ГО СРУШИ НАЦИОНАЛНИОТ РЕКОРД ВО ТРЧАЊЕ ПОЛУМАРАТОН НА „ТРЧАЈ БЕ“- ВО БИТОЛА ТРЧАА ОД ЈАПОНЦИ ДО НАМБИЈЦИ

Септември 03, 2023

Рекордерот на Македонија во повеќе атлетски дициплини, Дарио Ивановски, е победник на Балкснското првенство во полумаратон што денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај бе“ што воедно е и најголемиот спортски настан во Битола. Ивановски трчајки 21  киопметар  за еден час, четири минути и 45 секунди го сруши националниот рекорд во трчање полумаратон во машка конкуренција. Второпласиран беше  Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:06:25 и трет Романецот  Стефан Иулис Гавлила  1: 07: 42.

ПОБЕДНИКОТ ДАРИО ИВАНОВСКИ СО НИКОЛА ДИМИТРОВСКИ ОД КРЕАТОРИТЕ НА ТРЧАЈ БЕ

Во женска конкуренција прва истрча една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчес и финалист на последното Светско првенство, Луиза Гега од Албанија. Патеката од 21 километар ја мина за еден час, 14 минути и 30 секунди. Второто место го освои Маринела Нинева од Бугарија со заостанување од 53 секунди, а трета место ѝ припадна исто така на атлетичарка од Девора Аврамова.

„Уживав во трката, го сакам шармот на малите градови и од таа причина дојдов во Битола. Слушнав за трката од Атлетската федерација на Македонија на средба во Будимпешта и одлучив да настапам. Патектата за трчање беше преубава со целиот градски околен амбинет“, рече Гега.

Во рамки на „Трчај бе“ се одржа и Државното првенство во полумаратон каде во машка конкуренција на првите три места избија Дарио Ивановски, Жан Росев и Мартин Трајановски. Во женска конкуренција прва беше Тамара Јолевска Попов, втора Марија Остојиќ и трета Жанета Богатиновска- Илиева.  

ЖЕНИ ПОБЕДНИЧКИ2

Денес битолската трка „Трчај бе“ слави пет години постоење. Трките се одвиваа на 5, 10 и 21 километар низ битолските улици, а учествуваа над 1700 тркачи од различни земји. Трката веќе стана најмасовниот настан за компаниски тим билдинг, па фирми со седиште во земјава кои имаат вработени и соработници од надвор, ги поканија да трчаат заедно  во Битола.

„Имаме македонско-јапонска компанија од Охрид која а ги покани своите вработени од Јапонија и денес Македонците и Јапонците трчаа заедно.  Најтив тимс, битолски старт-ап, ги повика соработниците од Бали, Намибија и многу други егзотични земји да трчаат во Битола. Од оваа компанија трчаа 86 лица од 20 различни земји. Целта ни е да равиеме спортскиот туризам, ова е најмасовниот спортски настан во  Битола, со 1700 учесници. Прераснува во голем економски и туртсистички производ за Битола“, велат организаторите.   

ЈАПОНЦИТЕ

Битола и патеката на „Трчај бе“ од оваа година го поседуваат највисокиот светски сертификат, признат од Светската атлетска федерација, познат како AIMS. Со овој сертификат, сите постигнати резултати на овие трки ќе бидат меѓународно признати. На 27 август, во Битола дојде сертифицираниот експерт за мерење на патеки Борут Подгорник и го изведе мерењето на патеките за трките на 10 и 21 километар.

Претседателката на Атлетската федерација на Македонија  Александра Војнеска- Зикова рече дека ваквите настани се  исклучително важни за да се поттикнат младите да стануваат атлетичари.   

„Ако има ваков тип на настани и атлетски клубови во кои би можеле малдите да стартуваат со атлетика, мислам дека нема да имаме проблем понатаму да изградиме здрави атлетичари. Децата се огледуваат на идоли.Денес можеа да почувствуваат колку е убаво да си млад натпреварувач, освојувач на награди, рекорди“, рече Војнеска-Зикова.

Извор СДК.МК 

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани