2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

460 КУЛТНИ ЛОГОА ОД ЈУГОСЛАВИЈА ИЗЛОЖЕНИ ВО EUROPE HOUSE ВО БИТОЛА- СТАРИ СО ДЕЦЕНИИ, А СЕПАК БЕЗВРЕМЕНСКИ

Септември 05, 2023

Дизајниран пред 111 години, до денес  секој љубител на весници од Балканот го препознава. Тоа е логото на најстариот печатен лист на овие простори, српска Политика. Заштитниот знак го направил Владислав Рибникар уште во 1912 година. До денес овој идентификациски симбол на весникот остана непроменат, но и покрај столетието ја одржа својата безврененска креација.

политика

Логоата на Политика, монограмот на Иво Андриќ од 1963 година, на Зимските олимписки игри во Сараево од 1984, Галеријата на Владимир Назор  во Загреб  од 1972, авионската линија Адрија 1961,  Фабриката за филмови Загреб 1951 година, на Соко Мостар 1974, пијалакот Кокта од 1953 година, Витаминка 1956, грбот на Битола  1979 година-  беа дел од 460 графички симболи изложени во Europe Hause во Офицерскиот дом во Битола.

иво

Изложбата Yugo.logo отворена на синоќа, на четврти септемеври ги содржи графичките дизајни на четворица врвни југословенски уметници Костадин Танчев- Динката,  Милош Киркиќ, Иван Дворшак и Милан Вулпе, креирани за компании и институци од поранешните ју-простори  кои беа   препознатливи со децении, а некои и до ден денес.  Автор на истражувачкиот проект е младиот графички дизајнер од Белград, Србија, Огњен Ранковиќ кој во изминатите три години собра, дигитализира и архивира над 600 логоа за периодот од 1944 до 1992 година.

372780104 1114134582899734 5525556256103627893 n

„Јас сум многу пријатено изненаден. Изложбата ме врати во детството, во едни убави времиња кога имавме голема желба да направиме  нешто добро, да естетизираме. Таа буди голема можност за добра едукација и добар начин како да се придонесе за графичкиот дизајн. Денес младите се многу заинтересирни за ова дисциплина посебно со помош на новата дигитална техоногија. Порачувам творците да се држат до креативната енергија, а дигиталната алатка да служи само како алатка , а не како начин на правење на заштитниот знак“, вели  Танчев- Динката, графички дизајнер од Македонија кој  ѝ припаѓа на генерацијата основоположници на современиот македонски дизајн.

Академијата за примента уметност ја завршил во Белград, специјализирал во Лондон, изложувал во повеќе париски галерии, а предавал и на Факултетот  за ликовна уметност во Скопје. 

Огњен Ранковиќ, автор на истражувачкиот проект „Yugo.logo“, ги спаси југо идентификациските знаци од заборав и направи бесплатна онлајн архива. Тој собра и дигитализира над 600 логоа со што оваа своевидна ениклопедија на југословенскиот графички дизајн стана широкодостапна, интерактивна и со можност за надополнување. Југословенските дизајнери биле образовани уметници  чие авторството ретко или речиси никогаш не се истакнувало, сакале да ги поместат границите  за естетика,  да создаваат, а не да работат само за пари.  

372695991 3533994480188870 2475264995054088219 n

„Работев на овој истражувачки проект последните три години. Годинава почнаа да се случуваат изложби.  Пред Битола, изложбата беше во Загреб, а наскоро треба да биде публикувана и книга. На секое лого има автор и година на изработка. Јас сум и колекционер во душата и за мене претставува лична сатисфакција архивирањето на симболи. Интересно е што знаците иако се работени и пред половина век се многу ефекти и квалитетни, безвременски“, рече  Ракновиќ.

Битола е првиот град во Македонија каде беше поставена оваа уникатна изоложба, посетена од публика со изострен вкус. Со ова Битола уште еднаш се потврди како центар на графичката уметност.

Текст и фото Жанета Здравковска 

371546864 254129890666065 3148229850114214636 n

372264946 202148836029057 204976883289869493 n

372646518 1336387200649609 3897314829692325878 n

371335138 996606451648355 7565667855003325047 n

372410814 124409694084851 7108552400030231983 n

372696479 1734626706998204 2704580135845515307 n

372702717 1022473375729659 6220698181778955257 n

372732731 293553090041740 7490133946680816125 n

372736079 1350431919215109 72879166648577024 n

372736543 328332589643325 5244944849719741882 n

372736543 1227379574608708 7221722400686933410 n

372740891 832498675249269 7065627896192750257 n

372743994 234311206266299 7464215679213102968 n

372756857 157025217438984 9139740009513653223 n

372762748 828139455356944 4424410208274514782 n

372780183 847830987017693 6249961050233627460 n

372767705 986160389338674 2017258863063904383 n

372763482 826356075794141 1009938044876727352 n

372790117 303459355605854 587587407317438589 n

372831250 1349557765971954 8377104837584975299 n

372851866 282011007869573 3674346038070434428 n

372907332 1134799894144141 1222561324386256883 n

372702899 608132128189964 7156569722666173386 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани