2win800x200

Нашата битолчанка Андреа Нешковска дел од тимот на 20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки- Бангкок, Тајланд

Септември 21, 2023

Нашата битолчанка  Андреа Нешковска дел од  тимот на  20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки- Бангкок , Тајланд

Ова лето беа одржани два селекциони натпревари за избор на тимот ученици кои ќе ја претставуваат Македонија на  20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), која ќе се одржи во Бангкок (Тајланд), од 1 до 10 декември 2023 година.


По два селекциони натпревари на кои  беа поканети и учествуваа најдобро рангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија организирани од Здружението на физичарите, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија и Македонското биолошко друштво, во тимот од 6 претставници на нашата држава влезе и нашата битолчанка Андреа Нешковска.

Нема достапен опис.

Андреа Нешковска учествуваше како ученик од 9 одд при ОУ.„Св.Кирил и Методиј“ , а сега е  ученичка во прва година во гимназијата -СОУ “ Јосип Броз Тито”.

Тимот напорно се подготвува за олимпијадата, иако не им се обезбедени целосно финансиските средства за да отпатуваат во Тајланд.  

Поднесени се барања до Агенцијата за млади и спорт и дополнително ќе се пуштаат барања за спонзорство и до општините од каде што доаѓаат учесниците и фирми,  со надеж дека тимот ќе добие шанса да учествува на олимпијадата и да докажат дека овие млади деца се рамо до рамо со другите во светот.

А.Б 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани