АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Причината за смртта кај 24 годишното момче Симеон. Т од битолското село Цапари кое вчера почина во Битолската болница е Десеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК). Обдукцијата покажа дека нема лекарска грешка.
Од Битолската клиничка болница за „Независен“ потврдуваат дека обдукцијата завршила, ден по смртта, и дека наодот покажал дека смртта кај момчето настапила заради тежок инфект и внатрешно крварење на органите.
„Наодот од обдукцијата покажа дека причината за смртта кај младиот пациент е ДИК или Дисеминирана интраваскуларна коагулација. Тоа е брзо трошење на факторите на згрутчување на крвта и доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот, а резултира со прогресивно стварање на тромбози и микротромбози кај сите органи. Сето ова е предизвикано од тежок инфект кај детето. Обдукцијата покажа дека нема лекарска грешка. “, потврди д-р Елизабета Ивановска директор на Битолската болница за „Независен“.
Смртта на момчето настапила вчера доцна попладнето по 18 часот откако од утрото било примено на болница со многу висока температура и трески. На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па по речиси десет часа од хоспитализацијата и борба на лекари за младиот живот, тоа починало.
А.Блажевска