АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Свиреа сирените за тревога од пожар во Горната гимназија- „Јосип Броз Тито“, денеска нешто по 10 часот, како дел од симулациона показна вежба за пожар и земјотрес. Учениците од прва и трета година, по насока на своите професори излегуваа еден по еден и се евакуираа во задниот дел од дворот. Најпрво излегоа учениците од класовите на првиот кат, а потоа се симнаа и од погорните катови. Присуството на пожарникарите и волонтерите од Црвениот крст ги насочуваат учениците и наставниците на безбедната локација. Волонтерите на Црвениот крст со службите од Итната медицинска помош ги извлекоа повредните и во зависност од повредите им беше пружена медицинска помош. Се се одвиваше како на телевизија, рече едно од учениците, додека го чекаа исходот од настанот.
Симулационата вежба ја зацврстува подготвеноста на учениците и вработените во училиштата за справување во вакви несакани појави и ситуации, а претставува и законска обврска на училиштата, вели директорката на Гимназијата Лидија Споа.
-Симулационата вежба е законска обврска која што ја реализиравме во текот на денешниот ден. Направивме евакуација на учениците од прва и трета година од пожар. Вежбата ја реализиравме во соработка со надлежните институции-Црвениот крст, Дирекција за заштита и спасување, Кризен штаб, Службата за итната медицинска помош и други надлежни институции кои ни помогнаа во реализација на оваа вежба. Нашите ученици немаа предзнаење за оваа вежба, туку беа известени само од наставниот кадар, во однос на тоа како треба да ги евакуираат учениците, да ги запишат повредените и отсутните ученици и успешно да ги евакуираат. Накрај во разговор со надлежните служби генерално сме задоволни од текот на симулационата вежба, како помина и што се презеде. Секако дека увидовме и некои ситни забелешки што треба да ги коригираме во иднина“, изјави директорката на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, Споа.
Црвен крст се обучени да ги реализираат ваквите симулации, со цел кога би се случиле во реалност, да се постапи најдобро што може. Волонтерите беа распоредени насекаде во училниците и како повредени лица и како лица кои ги евакуираа пациентите. Симулационата вежба беше комплетно изведена според сите правила.
-Презентиравме симулациона вежба од пожар и земјотрес и го активираме целиот систем на делување за кризен менаџмент. Учениците изегуваа организарано и не настана општ хаос“,рече Христијан Крстески, од тимот за прва помош на ОО на Црвениот крст Битола како младински координатор.
Противпожарната служба во Битола учествуваше во симулационата вежба со своја екипа од неколкумина пожарникари и возило.
Во вежбата пожарот се гаснеше во училница на првиот кат од Гимназијата со комплетна опрема.
-Денеска присуствуваме во симулација и евакуација на ученици и вработени во тактичко показна вежба во Горната гимназија. Запалена беше еден дел од училницата и ние покажавме како треба правилно да се извлечат повредените и да се евакуираат, односно нивно спасување. Со ова им покажавме на учениците како треба да постапат во случај на пожар и како треба да се врши извлекувањето, без паника, да останат присебни. Како вежба во нереална состојба учениците покажаа дека добро се снаоѓаат“, рече Горан Димовски, командир на Против пожарната едница од Битола.