2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Драгор пак побеле

Август 11, 2018

 Од утринава е побелена, реката Драгор, па наместо бистра вода, тече течност која наликува на млеко. Битолчани загрижени објавуваат фотографии на социјалните мрежи, коментирајќи иронично дека „Во Битола почна да тече млеко, па уште мед фали“.

Многупати се случува водата да биде обоена во реката , а истата ситуација ја имавме и во пролетта  кога водата беше бела како млеко. 
Досега никој не бил казнет од надлежните инспекции за ваквото загадување на реката.

Исто така несовесни граѓани секојдневно се ослободуваат од непотребните предмети фрлајќи ги во реката Драгор. Често во коритото може да се најде фрлен стар телевизор,  апарати за домаќинство, мебел и друг отпад. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани