АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За десет и пол месеци криминалистичката полицијата на СВР Битола извршила 54 претреси и лишила од слобода 186 дилери на дрога само на подрачјето на Битола. Криминалистичката полиција на СВР Битола во делот со недозволената трговија со дрога за 11-те месеци од 2023 заклучно со 17.11.2023 лишила од слобода 186 лица, при што извршила 54 претреси на домови на подрачјето на Битола. Во истиот период, криминалистичката полиција на СВР Битола има поднесено 55 кривични пријави за сторени 68 кривични дела против 70 сторители при што биле пронајдени и одземени марихуана, хероин, кокаин, хашиш, семки од канабис, амфетамин, како и најразлични таблети. Од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола за периодот од 11-те месеци од 2023 година сѐ до 17.11.2023 во делот со недозволената трговија со оружје поднесени се вкупно 15 кривични пријави за сторени 16 кривични дела против 16 сторители, при што одземени биле пиштоли, воздушни, ловни пушки, ловен карабин, војничка пушка, пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, ракети, муниција, петарди и огномети. Извршени биле 77 претреси на домови на подрачјето на Битола, а лишени од слобода се 20 лица, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола .