АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За нов секретар на Општина Могила од денеска е назначен Ацо Тасевски, кој досега ја извршуваше функцијата раководител на одделението за урбанизам, комунални работи и ЛЕР како и функцијата претседател на комисијата за проценка на имот во Општината.
Тасевски функцијата ја добива со одлука на градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
Тасевски по професија е дипломиран градежен инжењер. Во периодот од мај 1981 до декември 1997 година работел како градежен инжењер, проектант за статика и надзор во Заводот за урбанизам и проектирање во Битола. На функцијата раководител на Подрачната единица на Министерството за урбанизам и градежништво – Битола беше во периодот од јануари 1998 до јуни 2005 година. Од јули 2005 година до денес е на работа во Општина Могила.