2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Софија во Скопје и откривањето на неговиот споменик (извадок од книгата на историчарот Евгениј Литовски)

Ноември 23, 2023
(Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев носен од старите илинденци в. Македонско знаме, бр. 67,  21 октомври 1946 г.) (Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев носен од старите илинденци в. Македонско знаме, бр. 67, 21 октомври 1946 г.)

Извадок од книгата УЛОГАТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО КУЛТУРНАТА АВТОНОМИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1944-1949) чиј автор е Евгениј Литовски, историчар.

 

 

 

                                                Пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Софија во Скопје и откривањето на неговиот споменик

 

Пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Софија во Скопје, се случило уште во 1946 година. Идејата за ваквиот чин била присутна кај македонските дејци повеќе време, но еден од главните иницијатори за нејзиното реализирање бил Лазар Колишевски. Во една своја изјава, тој кажува дека додека бил во бугарскиот затвор во Плевен, се спријателил со Георги Чанков, организациски секретар на ЦК на БРП (к), и со Георги Трајков, претседател на Земјоделската партија, на кои им предложил да се пренесат посмртните останки на Гоце Делчев во НР Македонија, а тие веднаш се согласиле со тоа.

Начелно, планот за официјалното пренесување на по-смртните останки бил предложен од Илинденската организација. Првично тоа требало да се случи на 2 Август 1946 година, но поради долгите преговори со Илинденската организација, која го чувала саркофагот со коските на Гоце Делчев, овој рок бил поместен за 11 Октомври 1946 година. Всушност, овие официјални преговори биле водени помеѓу Градскиот народен фронт во Скопје и Илинденската организација. Откако бил определен датумот за овој чин, веднаш започнале подготовките во оваа насока и биле формирани повеќе секции задол-жени за различни технички работи, како изработка на нов сар-кофаг, изградба на камен саркофаг во црквата „Св. Спас“ во Скопје, уредување на просторот околу црквата итн. На 27 септември 1946 година осамнал плакат со кој се известувало дека на 29 септември 1946 година во „Македонскиот дом“ во Софија ќе се организира литературно читање, на кое ќе учествуваат Ангел Жаров (псевдоним на Михаил Сматракалев), Ѓорѓи Абаџиев, Кирил Николов итн., како дел од манифестацијата за пренесување на коските на Гоце Делчев од Софија во Скопје, чин што бил закажан за 7 октомври 1946 година. Исто така, НК одржал заседание на 25 септември 1946 година, протокол бр. 49, на кое прва точка на дневниот ред било излагање на М. Сматракалев во врска со подготовките преземени околу пренесувањето на посмртните останки на Г. Делчев. Од запис-никот од ова заседание дознаваме дека биле одлучено кој ќе се обрати на собирите поврзани со целокупната манифестација за пренесување на посмртните останки на Г. Делчев. Како говорници требало да настапат претставници на НК на македонската емиграција, Илинденската организација, Градскиот комитет на Софија, Кукушкото братство, Националниот комитет на Отечествениот фронт, Организацијата на младинците, Организацијата на жените, Сојузот на борци против фа-шизмот, како и членови на семејството на Гоце Делчев. Исто така, било одлучено статии да напишат и да објават Х. Калајџиев, А. Чаракчиев, Г. Абаџиев, како и да се подготви радио-час.

Така, Х. Калајџиев во весникот Македонско знаме на 30 септември 1946 година ја објавил статијата Нашиот апостол и нашата родина, во која истакнал дека „Гоце Делчев и македонската држава се два концепти нераскинливо поврзани, не разделни“. Веднаш до оваа статија, во весникот Македонско знаме во целост е објавено и Окружното писмо бр. 15 испрaтено на 25 септември 1946 година од НК на македонските брат-ства до раководствата на македонските братства во Софија и во внатрешноста, во кое се вели дека „во Скопје волно се вее знамето на слободната македонска држава, а духот и посмртните останки на нашите првоборци заслужуваат достојно место во топлите пазуви на мајката родина“. Понатаму продолжува дека поради тоа „нема подостоен спомен за големиот Го-це од Народна Република Македонија. Македонскиот народ издигна пантеон каде што вечно ќе почиваат моштите на нашиот апостол.“

На 3 октомври 1946 година во весникот Работническо дело била објавена статијата на Х. Калајџиев со наслов Остан-ките на Гоце Делчев ѝ припаѓаат на македонската држава, во која се вели дека „македонската трагедија“ е изразена во тоа што посмртните останки на Гоце Делчев се наоѓаат во Софија, а не во Скопје. Поради тоа, на „барање на македонската влада“, НК на Сојузот на македонските братства се согласил посмрт-ните останки на Гоце Делчев да се префрлат во Скопје. Овој чин бил насочен кон подобрување на меѓудржавните односи во духот на решнијата од Десеттиот пленум на БРП (к), но и на односите помеѓу македонската емиграција во Бугарија и ма-кедонската држава. Манифестацијата, која била закажана за 7 октомври 1946 година, опфаќала потпишување на Прото-кол помеѓу овластената македонска делегација и раковод-ството на Илинденската организација. Македонската делегација ја сочинувале: Кирил Петрушев, ми-нистер за труд во Владата на НР Македонија, Диме Бојановски-Ди-зе, министер за трговија во Владата на НР Македонија, и Лазар Танев, претседател на НФ на Скопје. Од страна на Илинденската организација конкретно за овој чин бил формиран Акционен комитет претставуван од нејзиниот претседател Стeфан Аврамов, потпретседателот Михаил Сматракалев, секретaрот Ѓорѓи Абаџиев и четворица членови, меѓу кои била и Лика Чопова-Јурукова, внука на Гоце Делчев од неговата сестра Руша Делчева. На 7 октомври 1946 година Тодор Павлов одржал поздравен говор на манифестацијата, истакнувајќи дека чинот на пренесувањето на коските од Софија во Скопје претставува историски симболичен акт кој докажува дека нештата коренито се про-менети во Бугарија и во цела Југославија и дека ваквиот чекор претставува единствен логичен крај за Гоце Делчев.

Откако на 7 октомври 1946 година поминала целата манифестација организирана во Софија, односно откако македонската деле-гација со потпишувањето на Протоколот официјално ги при-мила посмртните останки на Гоце Делчев, започнала свечена поворка низ неколку града во пиринскиот дел на Македонија. Таа на 8 октомври најнапред пристигнала во Горна Џумаја, каде што венци на саркофагот положила делегација на БРП (к), а говор одржал Крсте Црвенковски, како секретар на Окружниот одбор на НФ во Битола. Уште истата ноќ патува-њето продолжило кон градот Петрич, каде што по кусата ма-нифестација, саркофагот бил сместен во Младинскиот дом со цел тука да се преноќи. Утрото на 9 октомври, пред заминување од Петрич, поздравен говор одржал Лазар Мојсов, како народен претставник на НР Македонија, а веднаш потоa повор-ката се упатила кон границата помеѓу НР Бугарија и ФНРЈ.

стража пред саркофагот

(Стража пред саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев в. Македонско знаме, бр. 67, 21 октомври 1946 г.)

 

Прв град во НР Македонија кој бил посетен од повор-ката била Струмица, каде што на лоштадот во центарот на градот се собрале голем број луѓе, кои го кителе саркофагот на Гоце Делчев со букети цвеќе. Покрај тоа биле одржани и не-колку говори, меѓу кои бил и оној на претседателот на Илинденската организација, С. Аврамов. Поворката го продолжила патот кон Штип поминувајќи покрај Радовиш, каде што од локалните жители биле испратени поздрави. Потоа таа пристигнала во Ново Село, каде што кратко се задржала во дворот на основно училиште чиј патрон е Гоце Делчев. Тука одржал говор М. Зафировски во својство на советник на југословен-ската делегација во Амбасадата во Софија. Во ноќта помеѓу 9 и 10 октомври поворката пристигнала во Штип, каде што бил организиран величествен пречек поради тоа што во одреден период од својата кариера Гоце бил учител во овој град. По-ворката постојано била осветлувана со факели носени од младинци, а сето тоа било придружено и со песна. Наредниот ден, односно утрото на 10 октомври 1946 година, поворката продолжила кон главниот град Скопје.

 

саркофаг носен од илинденците

 

(Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев носен од старите илинденци в. Македонско знаме, бр. 67,  21 октомври 1946 г.)

Уредувањето на црквата „Св. Спас“, каде што било одлучено да биде вечното почивалиште на Гоце Делчев, му било доверено на Димче Зографски. Тој во една своја изјава вели де-ка за само дваесетина дена бил расчистен просторот околу црквата, каде што имало стари трошни градби, бил направен мал парк, бил изработен саркофаг во кој ќе бидат преместени посмртните останки на Гоце, а исто така бил поставен и голем камен саркофаг во дворот на „Св. Спас“ во кој требало да биде сместен дрвениот саркофаг.

 

кирил петрушев

Кирил Петрушев при полагањето венец (в. Македонско знаме, бр. 67, 21 октомври 1946 г.)

 

Поворката со посмртните останки на Гоце пристигна-ла во Скопје попладнето на 10 октомври 1946 година, а потоа преку центарот на градот се упатила кон црквата „Св. Спас“. Додека поминувала низ главниот град, на поворката ѝ се при-дружувал многуброен народ, кој го следел саркофагот до веч-ното почивалиште. Во дворот на црквата „Св. Спас“ поворката била пречекана од највисоките македонски државни прет-ставници, како Богоја Фотев, претседател на Президиумот на Народното собрание, Павел Шатев, потпретседател на Прези-диумот на Народното собрание, Лазар Колишевски, претседател на Народната влада на НР Македонија, како и од прет-ставници на Сојузната југословенска влада. Во оваа пригода говори одржале С. Аврамов и Б. Фотев, а потоа саркофагот со посмртните останки и со пушката на Гоце го носеле Л. Коли-шевски, Б. Фотев, П. Шатев, Вицко Крстуловиќ и К. Петру-шев, кои го спуштиле во камениот саркофаг, по што една воена единица со плотун му оддала последна почит на Гоце Дел-чев. Б. Фотев во својот говор истакнал дека низ целата држава ќе бидат подигнати споменици на Г. Делчев, но најголемиот и најтрајниот паметник кој македонскиот народ го издигнал е „слободната Народна Република Македонија“.

Во склоп на целата манифестација, наредниот ден, на 11 Октомври 1946 година, во Градскиот парк во Скопје бил от-криен споменикот на Гоце Делчев во присуство на уметникот Љубомир Далчев. Овие два настани имаат огромно симболич-но значење доколку се земе предвид дека 11 Октомври прет-ставува и денот кога почнува НОБ во Македонија. По повод откривањето на споменикот, Л. Колишевски одржал говор, во кој истакнал дека „владата на НР Македонија сака да даде уш-те еднаш виден израз на признателноста на нашиот народ кон великиот народен син и борец – Гоце Делчев“. 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани