2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Минијатурa од тркачко Порше изработено од италијанскиот уметник Габриеле Франко подарок од Вуков за СН Групацијата

Декември 11, 2023

Минијатура од тркачкото порше со кое македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков се тркаше на патеките на Формула, во СН Мото Центарот во Скопје му беше врачена на Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски.

Минијатурниот автомобил му го врачи лично Вуков во знак на благодарност за поддршката која СН Групацијата ја овозможи за учеството на македонскиот тим на годинашниот Порше Супер Куп.

порше2

Минијатурата е автеничено изработена во Италија во размер 1 према 18 и во целост одговара на тркачкото возило Порше 992 ГТ3, модел со 510 коњски сили. Во продукцијата на минијатурата е вклучена и рачна изработка за што беше задолжен реномираниот италијански уметник Габриеле Франко.

„Ова е само мал гест со кој сакам да се заблагодарам на СН Групацијата за поддршката за моето учество на Порше Супер Купот. Многу ми значи што СН Групацијата ги препозна моите напори и напорите на мојот тим. Трките од Порше Суперкупот спаѓаат во групата на врвни натпревари на глобално ниво. Колкаво е нивното значење зборува податокот дека тие се возат заедно со Формула 1 веќе три децении. Затоа за мене е голема чест и задоволство не само да се учестува на еден ваков светски куп, туку и затоа што врвни компании застанаа во наша поддршка.“-изјави Вуков.

СН Осигурителен брокер АД Битола и СН Мото центарот во Скопје, како дел од СН Групацијата, во улога на генерални спонзори обезбедија поддршка за учеството на Вуков на годинашниот суперкуп.

„Горди сме што Вуков, кој на патеките на Формула возеше под логото на СН Групацијата, е првиот и досега единствен Македонец на Порше Супер купот. Голем предизвик е да се влезе во трка со најдобрите возачи од целиот свет. СН Групацијата ја препозна неговата посветеност и затоа чест ни е што обезбедивме поддршка за учеството на македонскиот тим на светски престижните трки. Големите предизвици заслужуваат голема поддршка и ние веруваме дека за Омбра тимот допрва ќе се слуша.“-изјави Кондовски, посакувајќи му успех во натамошната кариера на младиот талентиран автомобилист.

сн

Инаку, Вуков минатите три сезони ги мина како возач во Порше Карера Купот на Италија, каде што се етаблираше како возач кој континуирано освојува поени. Годинава тој настапи во највисокото по ранг светско натпреварување од ГТ трките, Порше Суперкуп.

Вуков, зад себе го има искуството на двократен европски шампион во картинг и единствен тогашен претставник од Балканот на Светското првенство во оваа категорија (2008-2009). По одличните резултати, се префрлува во автомобилизмот, каде постигнува значајни успеси на домашната, како и на меѓународната сцена.

сн2

Тој е актуелен шампион на Македонија во класата Југо хибрид и првак во отвореното првенство на Србија во силна и бројна конкуренција. На крајот, неизбежно беше после сите овие резултати, во 2020 година, Рико да ја добие поканата од GDL Racing за да биде нивниот пилот во престижниот Порше Карера Куп Италија, каде настапуваше три години по ред.

Оваа сезона неговата кариера ја одбележа префрлањето во Порше Суперкупот, кое е највисока форма на овие трки со легендарните ГТ возила.

сн3

(Комерцијална објава)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани