АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Граѓанската иницијатива „Битола на точак“ во последната објава за оваа година посакува проектот за изградба на велопатеки во Битола да се случи во новата година и да го види светлото на денот.
Последната објава за годинава.
Пред 2023 пукавме со полно идеи и предлози. Многу од нив не бараа сериозни финансии ниту пак беа нешто особено захтевни. Сите бараат посветеност на надлежните на агенда за еден поодржлив град. Градов не успеа да го стави решавањето на сообраќајниот хаос високо на приоритетите. Затоа 2023 година повеќе ништо од тоа не застапувавме и цел фокус беше само на една карта - да се одглави проектот за вело патеки до кај што беше заглавен години наназад. Најмногу се постигна и напредна. Се стигна до ситуација да се има се средено од аспект на документација и логистика комплет и со обезбедени и финансии и поддршка и од ЕУ што е особено важно за следни фази при правење на секундарна вело инфраструктура. Така што може да се рече дека проектот имаше најголем позитивен исчекор напред, но од друга страна се случи и хаварија на политичкиот консензус граден и негуван со години така што во 2024та влегуваме со целосна неизвесност.
Нашиот став низ годините си беше и остана во континуитет ист, целосна поддршка за реализација на проектот без никакви дополнителни одлагања. Од тука да се почне.
Во 2024 на нашиов град му посакуваме поголема соработка заедништво кај носителите на одлуки и проектов да го види светлото на денот, стои во објавата на иницијативата.