2win800x200

Во гимназијата „Таки даскало“ со поддршка од Општина Битола реализирани се крупни инфраструктурни проекти

Јануари 16, 2024

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети СОУ „Таки Даскало“, каде со поддршка од Општина Битола реализирани се крупни инфраструктурни проекти, кои придонесоа за осовременување и унапредување на условите за учење и работа, како и подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Во училиштето, реализирани се проекти во вкупна вредност од околу 5 милиони денари, а директорот Ристо Грујовски, информираше за досегашните активности:

Реконструиран е подот во сите училници и кабинети во двете училишни згради, извршено е комплетно обновување на паркетот во вкупна површина од 2722 м2, а дотраениот паркет заменет е во вкупна површина од 136 м2. Вкупната вредност на проектот изнесува 2.394.380 денари.

Извршена е комплетна санација на внатрешните скали во Блок Б во вкупна вредност од 496.500 денари.

Можно е да е слика од звучник и текст

Во тек е реконструкција на училишниот двор со бекатон плочки во делот на паркинг-просторот за вработените во вкупна површина од 418 м2 и поставување на електронска рампа, во вредност од 330.000 денари“, рече директорот Грујовски.

Во училиштето, набавен е и нов училишен мебел, училишни табли и столчиња во вредност од 300.000 денари, а набавена е и нова компјутерска и друга ИКТ опрема за сите училници, телевизори и нагледни средства за сите струки и гимназијатаво вредност од 500.000 денари, како и машини и друга опрема во вредност од 300.000 денари.

Можно е да е слика од 6 луѓе, телевизија, соба за вести и текст

Претходно, во ова училиште беа реконструирани двете спортски сали, соблекувалните, тоалетите и кабинетите за професорите по спорт, се уредија спортските терени, терени за футсал, кошаркарското, одбојкарско игралиште, осветлени со рефлектори, училишниот двор е поплочен и уреден со нова урбана опрема и хортикултурно уредување.

Градоначалникот Коњановски нагласи дека, Општина Битола, продолжува да овозможува поддршка за училиштата во кои се реализираат инвестиции со цел создавање подобри услови за учениците и вработените.

Нема опис за фотографијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани