2win800x200

Известување од редакцијата на Апла.мк

Август 23, 2018

Почитувани  читатели,

Во моментот ФБ фан страницата на Апла.мк не е во функција и се соочуваме со проблеми при споделување на текстовите, најверојатно поради лажно пријавување до ФБ, од каде добиваме известување дека содржините не ги исполнуваат условите за оваа социјална мрежа. Се разбира, станува збор за тенденциозна намера да се наштети на порталот Апла.мк затоа што вестите, темите и сите останати информации што ги објавуваме се проверени, професионални, ги исполнуваат сите потребни новинарски стандaрди,

вклучени се сите засегнати страни, никогаш не сме користеле говор на омраза, вулгарности, насилство, туку напротив, новинарите од Апла.мк во повеќе наврати биле вклучени во обуки и проекти за справување со ваквите појави во медиумскиот простор. Исто така, администраторите, ги следат сите коментари, а оние со недолични содржини се бришат.

 

Апла.мк се обрати до тимот на ФБ, со барање проблемот да се реши во што поскоро време, очекуваме реакција, а случајот попладнево ќе биде пријавен и во СВР Битола.

Се надевaмe дека наскоро повторно ќе се читаме на фан страницата на апла.мк

Дотогаш Ви благодариме за разбирањето.

 Редакција Апла.мк

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани