АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска СВР Битола има нов началник, Сашо Мирчески, кој речиси 25 години е дел од битолската полиција. Мирчески е избор на министер за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, и доаѓа на местото на Бенито Јошевски, кој сега ќе ја извршува функцијата заменик началник на СВР Битола.
Сашо Мирчески има 49 години, роден е и живее во Битола, каде завршил основно и средно образование, а дипломирал “криминалистика“ на Факултетот за Безбедност во Скопје. Во МВР работел на работните места: полицаец, советник за полициска обука, главен инспектор за сообраќај во СВР Битола, бил припадник на “посебна единица“ на полиција, каде напредувал од полицаец до командир на чета. Последните пет години работел и како главен инспектор во Одделот за криминалистичко – разузнавачка анализа.
Објавено од А.Б