2win800x200

Функционерите со 78% покачување ќе добијат К-15 за три години, тврди УПОЗ

Февруари 29, 2024

По повисоките плати, функционерите ќе може да добијат и к-15 за три години, вели УПОЗ. Апелациониот суд Битола одлучил дека судија од Основниот суд треба да добие регрес од 27 илјади денари за три години, со камата. Судот сметал дека судијата и покрај тоа што е избран функционер, сепак е вработен и мора да ги добие парите, тврдат од УПОЗ. Барањето за исплата на регресот било усвоено од судскиот буџетски совет пред два дена. Според синдикатите, ова значи дека сите функционери ќе треба да добијат к-15 оти сите се вработени во државните институции и таму им тече стаж.

„Тоа би значело дека сите избрани и именувани лица би го остварувале правото на регрес за годишен одмор со што ние како синдикат не се согласуваме затоа што во опфатот на гранскиот колективен договор за избраните и именувани лица овој колективен не се однесува. Сметам дека тоа право не треба да го уживаат истите“ – Бојан Трипуноски, УПОЗ

Оваа одлука следи во период кога се прави обид функционерските плати да не се зголемат со растот на просечната плата, објави Сител https://sitel.com.mk/

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани