2win800x200

Марјана од Крушево ја правеше столаријата за велелепниот Офицерски дом во Битола

Март 06, 2024

Марјана Кочоска од Крушево, во својата работилница ја правеше столаријата за велелепниот Офицерски дом во Битола кој беше обновен во 2021 година.

Марјана е жена претприемач од Крушево сопственик на работилница за изработка на дограма од дрво. Фасадната столарија на Офицерски во Битола плени со својата уникатност и убавина.   

430195310 417637537627638 7165767024066671164 n

Вели дека лично се вложила во машинската обработка на квалитетно масивно чамово дрво за „битолскиот Версај“ кој се обнови по 110 години од изградбата со средства од Европската унија и мал дел од Општина Битола.

Марјана 1

„Вратите и прозорците на  велелепниот Офицерски, внатрешните врати и воопшто целокупната столарија се изработуваше во нашата работилница. Лично со машината ги правев орнаментите на внатрешните врати. Горди сме што ни беше доверена една ваква задача, затоа и лично учествував во процесот. Чувството дека му давате душа на нешто толку вредно културно наследство, го оживувате и го оплеменувате не се опишува со зборови. Особено кога ќе знаете дека ќе биде вградено во еден ваков значаен објект, и ќе остане за навек“, раскажува Кочоска, жена претприемач, сопственик на фирмата „Иннен декор трејд“ од Крушево.

Кочоска е наследник на семеен бизнис започнат пред повеќе од педесет години во Крушево, и пример како една жена од мала работилница со рачна изработка може да осовремени објект во модерна фабрика.

thumbnail

„Од 2013 година го презедов водството на тој семеен бизнис, и со многу труд, напор и љубов кон работата успеавме. Предизвик е да се постигне задоволството кај клиентот, и да направиме баланс меѓу приватниот живот и бизнисот, како менаџер, мајка, сопруга. Сме имале ‘сопки’ од фирми каде управуваат мажи, нелојална конкуренција, владеат стереотипот дека оваа наша работа е ‘машка работа’, но одиме понатаму со докажан квалитет“, раскажа Кочоска пред млади во Битола на панел дискусијата „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“, што се одржа во Офицерскиот дом во просториите на Europe House – Bitola, во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола.

жени

Бети Димоска од Прилеп има работилница во која прави механизми за тапациран мебел и раскажа дека храброста како жена ја рдржало во бизнисот.

„Ова општество дава можности доколку жената има потенцијал, идеја и визија да се оствари како претприемач. Нашата фирма опстојува триесет години и во минатото повеќе беше изразен тој скептицизам и недоверба дека на чело на фирмата е жена, но сега имаме многу жени менаџери и се рушат стереотипите кон жената претприемач да се гледа со недоверба“, рече Димоска од фирмата „Резонатор“ од Прилеп.

Економистот Мери Мрмачевска од општина Могила ја сподели својата приказна дека и во корона кризата успеала да направи бизнис со цвеќе и зимзелени садници и да го имплементира она што го научила на факултет како дипломиран маркетинг менаџер.

деца

„Короната за многу бизниси беше фатална, а за нас успешна. Луѓето сакаа да одгледуваат цвеќиња и зимзелени дрвја и ние тука ја видовме нашата шанса. Доаѓаа луѓето во таа криза во Могила на нашите парцели, а потоа отворивме и ‘гарден’ центар во Битола. Мојот маж ги одгледува растенијата, а јас се грижам за маркетингот и продажбата. Се е можно ако се има цел“, раскажа Мери од „Грин гарден центар’ од село Могила.

Битолчанката Ана Ристевска, сопственик на јаван адвертајзинг и софтверска компанија после шест години претприемач повика на економска емпатија и солидарност меѓу домашните претприемачи.

„Ги охрабрувам младите жени да почнат свој бизнис, да покажат економска емпатија преку формирање на здруженија и правење на заеднички проекти. Да делат совети и да се поттикне кариерниот развој на младите жени“, порача Ристевска.   

Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани