АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новиот трговски центар „Блис“ што се гради во Битола на Дулие е во напредна фаза и треба да биде готов до почетокот на летото. Новиот трговскиот комплекс „Блис“ е инвестиција на локалната битолска фирма „Беком“ и ќе се простира на површина од 22.000 квадратни метри.
„Трговскиот центар ‘Блис’ ќе биде готов до крајот на јуни. Во Битола ги носиме големите брендови со продажни салони, на големи површини, како ‘Нјујоркер’, ‘Де факто’, ‘Котон, и многу други брендови што допрва ќе ги откриеме. Големи салони за мебел, за бела техника, а во молот ќе има и две кафетерии и ресторан, игротеки... На локацијата ќе има 220 паркинг места во затворен и отворен дел. Ќе има дел со дуќани за локалните трговци. ‘Блис’ ќе значи заживување на битолската економија“, велат од битолската фирма “Беком“.
А.Блажевска