2win800x200

Го пуштија во употреба долгоочекуваниот затворен базен -Априли-ли-ли од учениците од „Даме Груев“ Битола

Април 01, 2024

           

         Како и секоја година, така и оваа, во ОУ  „Даме Груев“ – Битола, го обележа Денот на шегата. И денес дворот на централното ОУ ,,Даме Груев'' како и во ПУс.Долно Оризари и с.Карамани, беше најшарено и највесело место.

          - Денеска е 1 април, денот кога луѓето ширум светот прават разни шеги меѓу себе, а оние со кои се шегуваме најчесто велат: Априли-ли-ли! Светот се чини запре со сѐ останато, но барем малку денес да се обидеме да останеме позитивни.  На децата  им го овозможивме  задоволството да дојдат маскирани во училиште, каде со својот тим на наставници продефилираа низ дворот на училиштата и  го разубавија со прекрасните костими и маски со ликови на јунаците од цртаните филмови, приказните, групни маски со планети, боички, разлетани бубамари, фудбалери, грозја, карти, како и ,,наставници'', вели директорката Билјана Дамчевска Бакиевска. 

          Оваа година учениците од III – б одд. го пуштија во употреба  долгоочекуваниот затворен базен.

          Задоволството и среќата ќе бидат синоним за детската личност. Благодарност до сите кои дадоа придонес за изработката на маските, рече Дамчевска Бакиевска. 

да 3

да 4

да 5

да 6

да 8

да 9

да7

А.Б 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани