2win800x200

Отпочна реконструкцијата на важната улица „Индустриска“ во Битола

Април 09, 2024
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот од Советот на општината, Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, денес извршија увид на воведните активности за отпочнување на проектот за „Реконструкција на улица „Бурса“ (Индустриска)“.
Градоначалникот Коњановски, информираше дека, создадени се потребните услови за непречена реализација на овој проект, така што, изведувачите веќе започнаа со работа на терен.
434074231 456929533356600 1331877791434834979 n 800x533
„Започнуваме со реконструкција на коловозот на уште една важна сообраќајница за градот која значително ќе го олесни функционирањето и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот од тешки товарни возила на улица “Македонски гемиџии“.
Со реконструкцијата на улицата „Бурса“ или позната и како „Индустриска“, се реализира едно долгогодишно барање на стопанствениците од овој дел на градот, со што значително ќе се подобрат условите за нивно непречено секојдневно работење. Реконструкцијата се врши во должина од 2,4 километри, во вредност од 37.560.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка во рамките на проектот за поврзување на локални патишта.
Ова е уште еден од проектите кој локалната самоуправа го реализира со тенденција за создавање подобри инфраструктурни услови во сите делови на општината“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „JCB“
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани