2win800x200

Неплаќачите на паркинг го „сотреа“ зеленилото зад „Пелагонка“ 2 во центарот на Битола

Април 12, 2024

Неплаќачите на паркинг го сотреа зеленилото зад зградата Пелагонка 2 во строгиот центар на Битола, се жалат станарите од околните згради. Наместо на асфалтот и определените места за паркирање на паркингот што е непосредно и позади Градската библиотека, несовесни возачи паркираат на зелениот појас и од фотографиите јасно  се гледа во која состојба е зелениот појас, не само  ова утро, туку секој ден.

-Тревниците се уништуваат само од несовесни возачи кои единствено гледаат да го паркираат автомобилот, а воопшто не им е грижа на кое место паркираат и дали ги уништуваат тревниците каде играат нашите деца, реагираат жители. 

Станарите од Пелагонка 2 и околните згради од комплексот „Стара Болница“ бараат ЈП Паркинзи и Сообраќајната полиција да излезат на терен и да стават ред на ситуацијата. Велат единствено со казни и континуирани контроли можат да се „превоспитаат“ несовесните возачи. 

вн

 

1њ3

 

А.Б  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани