2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Премиера на документарниот филм „Војникот од Фронтот- Валентин“ во Битола

Септември 03, 2018

Со апаузи битолчани вечера ја поздравија премиерната проекција на документарниот филм „Војникот од Фронтот-Валентин“, проект на Македонското научно друштво Битола и АЛДА-Скопје, во режија на Миле Гроздановски, сценарио на Светлана Петрова Насух, а го изработи Креатив продукција од Битола. Филмот е поддржан од програмата за соработка помеѓу Регионот Нормандија – Република Франција и Република Македонија.

„Уметникот од Фронтот“, така го нарекувале францускиот војник Етјен Андре Валентин (1893-1940), кој на Македонскиот фронт пристигнал со хартија и молв во рацете. Иако имал уметничка душа, во 1917 година бил испратен како член на артилериски полк да војува во областа на Мариово. Бил голем вљубеник во уметноста, па ни војната не му го одзела еланот да твори.

Во моменти кога не му летале куршуми над главата, во затишјето меѓу битките, тој со молив, понекогаш и со импровизирани бои врз хартија оставал траен белег за Првата светска војна. Приказната за него пред неколку години ја објави новинарката Жанета Здравковска.40678007 2090834204510285 7139179838677450752 n

„Покрај тоа што на цртежите ги претставил селските наслеби , па и градот Битола, тој цртал и цивилно население. Карактеристично е тоа што во тој период на некои од цртежите на француски јазик запишал Македонци во целосно облека (носија),а на други места пишува и Македонија. Тоа значи дека во периодот кога не била конститурана македонската држава, овој дел од земјата го препознавале како Македонија, а народот како Македонци“, рече Здравковска.40665426 293221181469469 5139540277949628416 n

(Градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски и претседателот на Советот, Валентин Груевски присуствуваа на проекцијата)

Претседателот на Научното друштво од Битола, Марјан Танушевски рече дека во овој проект има многу историја, култура, уметност, наука и истражувачко новинарство. Тој додаде дека истражувачкото новинарство го сметаат за дополнителна вредност на овој проект како потврда на вечноста на уметноста.мар

(Д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво)

Според истражувањата, војникот насликал 130 цртежи и скици, од кои добар дел се зачувани до денес. Цртежите на Валентин денес се смејно наследство на неговата внука од брат Нели и нејзиниот сопруг Жерар Гијар од Нормандија, Франција. Валентин, кој ја преживеал војната, го зел со себе и го однел дома. Таму по демобилизацијата, ги завиткал во хартија од весник, па во картонска кутија. Неговиот син ќе ги открие овие вредни архиви во 1962 година, 22 години по смртта на Валентин.

„Целта беше да се направи една топла приказна за еден човек без пушка, за еден човек кој со молив во раката се бори на свој сопствен начин. Не велам дека тој не бил активен војник на Фронтот, но на неговите дела никаде не се гледа насликан мртов војник. Во неговите десет театратки оставени со скици тоа го нема. Тоа е една топла човечка приказна која заслужува многу повеќе. Се надевам дека може од ова да излезе нешто поголемо, но тие ќе ги откријам подоцна“, рече режисерот Миле Гроздановски.40668762 421598985032501 999987820959367168 n

(Професорот по историја Иљо Трајковски, кој ја истражуваше приказната за војникот, режисерот Миле Гроздановски и сценаристот Светлана Петрова Насух) 

Валентин успеал да извлече жива глава од крвавиот конфликт, но тој трајно го загрозил неговото здравје и се разболил од туберкулоза. Покрај ноќните кошмари што ги имал, од кои дел насликал и на цртежите, на Фронтот се разболел од туберкулоза и починал на 47 години во 1940-та во Рен, Бретања.40678770 1923749847928664 4740853706700881920 n

„Јас се обидов со доста емоции да го претствам војникот Валентин со една хумана линија како човек без пушка, но сепак на Фронтот. Сакав тоа да биде една нежна приказна без многу бомбардирања, но беше неизбежно, војна е војна. Ме водеа многу емоции во текстот, ме водеше она што се живееше во Битола во Првата светска војна “, рече сценаристот Силвана Петрова Насух.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани