АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мој концепт е градските паркинзи да ги стопанисува и уредува Општина Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска околу иницијативата Општината да формира јавно претпријатие кое ќе управува со градските паркинзи.
„На седницата која следува во петок како градоначалник поднесувам иницијатива за формирање на ЈП кое ќе ги третира паркинзите во општина Битола. Договорот со концесионерот истекува следната година, а ние мора да ги направиме подготвителните активности, ЈП кое ќе биде формирано до крајот на оваа календарска година како би биле подготвени за следната година зашто мојот концепт е паркинзите да ги стопанисува и уредува Општина Битола“. Рече Петровска.
Таа додаде дека ќе има промени во опфатот, паркинг местата, но сега детализираше. Истакна дека најсуштинско е тоа што стопанисувањето и бенефитите ќе бидат за Општината.
Петровска запрашана дали Општината има бенефит од досегашниот договор рече: „По мое видување, надоместокот бил многу мал и поголема сума на пари завршувала сепак кај концесионерот иако знаеме дека влезните суми во делот на подготовка на паркинг местата биле многу помали од она што концесионерот како придобивка го имал во изминатиот период“.