2win800x200

Нашата Анастасиа Митровска со песна на Петар Георгиев - Калица оди на „Валандово“

Мај 02, 2024

Девојчето со златен глас, Анастасиа Митровска (18) годинава ќе настапува на фестивалот „Валандово - 2024“ со песна на битолскиот композитор и текстописец Петар Георгиев – Калица.  Песната е насловена –„Тропни ми на порти“ , а Калица се погрижи за комплетна реализација со текст, музика и аранжман.

440148977 970816508039144 4770012930493667906 n

Младата Анастасиа вели „ Со оваа песна Битола ќе ја претставам во најдобро светло“ и искрено се надева дека песната ќе биде брзо прифатена од публиката и посакувана на сите веселби.

Младата Анастасиа, потекнува од пелагониското село Добрушево од музичка фамилија, таа во разговор за Апла вели дека нејзиниот музички талент е препознаен од нејзините родители уште од многу мала.

439497453 7547516272032006 4446274484934243314 n

„Уште од три годишна возраст кај мене се јавил интересот за музика. Настапував на училишните патронати, а на 11 годишна возраст настапив на ревија за аматери на народни песни во моето село Добрушево. Тогаш освоив и награда. Потоа започнав да објавува видеа со препеани македонски народни песни и ги објавував на социјалната мрежа Фејсбук“, раскажува Анастасиа за почетоците.

Пред две години снимила препеана народни песни со нејзиниот роднина Димитар Митровски исто така музичар, а потоа снимила и низа препеани композиции со оркестарот на Златко Миладиноски.  

Талентираната Анастасиа е победник на талент шоу за нови и млади музичари.

„Оваа година ми започна со мојата прва турнеа низ Австралија, со групата Маестрал и Христина Илиоска. Ова патување за мене не само што беше убаво доживување, туку значеше големо искуство како музичар“, вели Анастасиа.

440716352 423906510354646 5003020450868217045 n

Годинава Анастасија е матурантка во Средното медицинско училиште во Битола. Таа овие празнични денови го очекува видео записот од првата авторка народна песна „Дојди ми на Велигден“ по музика и аранжман на Димитар Митровски и текст на Анита Даева.      

439894962 465004536091947 3800262669120920074 n

 Младата Анстасиа има чест да соработува со битолскиот композитор и текстописец, авторот на антологиската песна „Ако одам во Битола” Петар Георгиев – Калица.

Петар Георгиев – Калица се прослави со песната „Ако одам во Битола“ за која ја напиша музиката и текстот, а првпат ја изведе октетот Македонија. Покрај анталогиската песна „Ако одам во Битола“ Петар Георгиев – Калица има напишано и голем број други песни за разни музички фестивали.

images

Во 1989 година, Калица постигна голем успех на најпознатиот македонски поп-фестивал „Макфест“, каде учествуваше како композитор и текстописец на
македонскиот хит „Летај ми, летај, гулабе” во изведба на Крунослав Кичо Слабинац. Во 1991 година, тој ја напиша својата најпозната песна „Стариот џумбушлија” која ја изведе познатата српска фолк-пејачка Ана Бекута на фестивалот „Валандово“.

Истата година, тој зеде учество на „Макфест“ како композитор на песната „Розите пак се тажни” во изведба на словенската пејачка Симона Вајс. Петар Георгиев – Калица се карактеризира по тоа што во неговото музичко творештво преовладуваат текстовите на традиционалните староградски песни, каде основната инспирација му е Битола, неговиот роден град.

 

А.Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани