2win800x200

Блокада на патот Битола-РЕК „Битола“, револт кај жителите на Новаци по сообраќајката со жртва

Мај 27, 2024
Фото Анета Блажевска Фото Анета Блажевска

Голем број од жителите на пелагониското село Новаци, денеска по втор пат излегоа на протест и го автомобили и товарни возила го блокираа патот кој од Битола води до термоцентралата РЕК „Битола“, откако минатата недела во тешка сообраќајка загина тракторист при судир со камион кој превезуваше јаглен за РЕК „Битола“. Излезот од ситуацијата за поголема сообраќајна безбедност жителите го гледаат во наоѓање на обиколен пат преку кој ќе се носи увезениот  јаглен до РЕК „Битола“

Двочасовната блокада од 10 до 12 часот  на патот Битола – Маково, ја парализира Пелагонија, осoбено што патот R1311 е од особено значење за овој регион.

Мештаните револтирани од последната сообраќајка во која загина нивен сограѓанин, велат дека со блокадите на патот ќе продолжат и во наредните денови во среда и петок, се додека не се стави ред во сообраќајот на оваа делница.

„Тешко е да живее во селото кога знаете дека по двестотини камиони дневно минуваат низ село, низ куќите, а учениците треба да го поминат патот за да одат на училиште. По сообраќајката во која загина нашиот сосед, работите мора да се менуваат, мора да има постојано сообраќајна контрола на патот од Битола до Комбинатот, а не од време на време, оти кога има сообраќајци, возачите ја намалуваат брзината, штом нема се вози како на писта. Сите сме потенцијални жртви“, велат жители на Новаци кои денеска излегоа во голем број на блокадата на патот.

Жителите, организатори на протестот нагласуваат дека –„протестот  не  е политички, се протестира поради несоодветното движење на сите моторни возила низ населеното место Новаци.“ Од таму мештаните побараа од надлежните- „поставување на успорувачи на брзина на самиот пат, соодветна сообраќајна сигнализација, и опремување на сообраќајците од полициската станица во Новаци со радар и камери.“

„Главната причина за овие протести е трагичниот настан во кој загина наш сограѓанин, додека одеше до поле на извршување земјоделски работи. Кај нашите граѓани години наназад имаше општо незадоволство што транзитираа камиони со увезен јаглен, и со право реагира жителите. Имаме рудници, а увезуваме јаглен,  апсурдно би било да се продолжи со оваа ситуација заради безбедноста на жителите. Ситуацијата треба да се надмине со соодветен сообраќаен режим, но ако се продолжи на ваков начин да се снабдува комбинатот со транспорт на јаглен со камиони  мора да се најде обиколен пат, вака не смее да се продолжи 200 камиони дневно да врват низ нашите села, особено низ Новаци, ова веќе не  е прифатливо“, рече на протестот Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.     

Анета Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани