Ученици од Горната гимназија во Битола со своите професори реализираат теренско истражување на повеќе локации со цел практично запознавања на области од државата кои ги изучуваат по предметот географија.
-Во рамките на проектните активности по географија, на 2.6.2024 год. се реализира теренско истражување низ вулканскиот релјеф на Кратовско-злетовската вулканска област со посета на мегалитската опсерваторија Кокино, камените кукли Куклици и градот Кратово.
На екскурзијата учениците се стекнаа со практични знаења и вештини од оваа област, а во исто време поминаа прекрасно време во меѓусебно дружење, објавија од СОУ „Јосип Броз Тито„ Битола.