2win800x200

Ненадејно почина битолскиот адвокат Драги Пажик

Јуни 05, 2024

На 04.06.2024 год., во 16 часот, ненадејно почина Адвокат Драги Пажик од Битола. Роден е 02.10.1959 г. во Битола, каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал на правниот факултет во Битола. По завршувањето на Правниот факултет, својата професионална кариера ја започнува во тогашниот Окружен суд Битола, во 1996 год., најпрво како приправник, а потоа и како Стручен соработник во истиот суд, по што правната кариера ја продолжува како стручен соработник во Апелационен суд Битола каде работел на граѓанска и кривична материја. Истовремено студира и Магистерски студии по кривично право во Крагуевац СФРЈ. Правосудниот испит го полага во 1987 г. На 06.05. 1993 г. се регистрира како член на Адвокатската комора на РМ и ја основа Адвокатската канцеларија Драги Пажик. Изгради успешна и реномирана адвокатска кариера во Битола и во цела Македонија а застапуваше и во соседните земји од поранешна Југославија. Драги Пажик неодамна прослави 30 години непрекинато вршење на адвокатската дејност и истата ја обавуваше совесно, стручно и професионално. Во неговата канцеларија низ текот на годините, биле вработени повеќе адвокати кои подоцна се осамостоиле и изградиле успшена кариера. Опелото и погребот ќе се извршат на ден 06.06.2024 год., во 12:00 часот, во Храмот Св. Димитрија и Буковските гробишта во Битола. Посмртните останки на покојниот ќе бидат изложени во капелата на храмот Св. Димитрија на ден 06.06.2024 год., од 10:00 часот до 12:00 часот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани