Деа Ивановска ученичка од IX одделение при ООУ „Даме Груев“ Битола, освои сребрен медал на Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) што се одржа на ПМФ во Скопје. Според денес објавените резултати Деа беше единствена учесничка на ова натпреварување од Битола.
Од ООУ „Даме Груев“ објавија: Особена чест и задоволство ни е да се пофалиме со одличниот резултат на нашата ученичка, единствен учесник од Битола, која освои медал на Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО), ДЕА ИВАНОВСКА - СРЕБРЕН МЕДАЛ
Ментор, наставник по математика - Мирјана Тасевска.
Инаку Деа е помалата сестричка на Мила Ивановска, битолчанка која студира на Универзитетот Харвард во Соединетите американски држави. Мила на два пати се закити со високи награди на интернационални натпревари по природни науки во Холандија и Боцвана, како и со балкански и државни награди по математика.
А.Б