2win800x200

11 годишниот Јане Петровски талентиран пијанист со кој се гордее Битола

Јуни 22, 2024

Јане Петровски-талент кој гарантира успешна кариера

1000000406 800x600

11 годишниот битолчанец Јане заврши шесто одделение во ОУ Коле Канински во Битола, а во исто време тој е ученик и во Државно музичко училиште во  Битола.

            Со музика започнал да се занимава од својата 6та година кога се запишал да изучува пијано во Музичкото училиште и започнал да го развива својот пијанистички талент во класата на м-р проф. Марија Шамоска Буџаковски, која го препознала неговиот музички потенцијал и го усмерила кон негов развој и усовршување. Освен на концертите на кои што Јане е редовен учесник, тој учествува и на многу натпревари во земјава и во странство уште од неговата 7ма година, а последниве три години успешно се развива и на полето на камерната музика, музицирајќи како пијано дуо заедно со неговата другарка Теона Буџаковска. Како учесници на бројни натпревари, тие освојуваат највисоки награди и признанија.

1000000180 800x600

            Оваа година Јане освои голем број награди на натпревари каде својата програма ја изведе во живо. На државниот натпревар освои прва награда. Потоа следуваше меѓународниот натпревар “Славенски” во Нови Сад, Србија каде се натпреваруваше во две дисциплини: пијано дуо ( заедно со Теона Буџаковска ), каде освоија прва награда, а додека во соло пијано освои 100 поени и беше прогласен за Лауреат на целиот натпревар.

            Една недела подоцна, боите на Македонија гордо ги претстави на меѓународниот натпревар Musicarte Festival & Competition во Италија каде повторно имаше највисок пласман со овоени максимални 100 поени.

            На меѓународниот натпревар Pianofest-Битола кој се одржа во прекрасната Свечена сала на Офицерскиот дом во Битола, Пијано дуото - Теона и Јане  - освоија прва награда, а во дисциплината соло пијано Јане освои специјална награда од 100 поени.

310

            За крај на оваа натпреварувачка сезона, Јане настапи на реномираниот натпревар “Охридски бисери” во Охрид. Настанот се одвиваше во црквата „Св. Софија“ во Охрид, на истата локација на која се одржува познатиот фестивал “Охридско Лето”. Овде натпреварувачите имаа уникатна можност да свират на истото концертно пијано на кое што музицирале најпознатите светски имиња во класичната музика и пијанизмот воопшто. На овој натпревар, во голема конкуренција на учесници од над 15 земји учеснички од целиот свет, Јане освои висока прва награда. Да напоменеме дека учесниците беа отценувани од жири комисија од Турција, Германија, Србија, Хрватска и Македонија.

             Јане е млад талентиран пијанист со кој Битола се гордее и за кого сигурни сме дека уште многу ќе слушаме.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани