2win800x200

Пожарот во Битола под делумна контрола, изјави утрово Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи

Јули 16, 2024

Синоќа беше активен и пожарот над Битола, но не претставуваше опасност за градот. Поради пожарот од ноќеска се пренасочува сообраќајот од обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен, низ градот Битола. Во гаснењето на пожарот вчера попладне лесно беа повредени двајца пожарникари. Едниот кој имаше изгореници на дланките и на подлактицата е хоспитализиран во битолската болница, додека другиот беше пуштен на домашно лекување. Доколку до утрово пожарот не биде ставен под контрола, Ангелов најави дека тој ќе биде гасен и од воздух.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани