2win800x200

Чифлигароски од СВ-Инвест во бегство, неговите директори добија по две години затвор

Јули 17, 2024
фото телма.мк фото телма.мк

Директорите во фирмите на Стојан Чифлигароски, кои добиваа милионски тендери од РЕК Битола во изминатите години, добија по две години затвор, откако признаа вина во случајот Синџир за даночно затајување и перење пари.

Чифлигароски, кој се сомничи дека е еден од организаторите на злосторничкото здружување, е во бегство, објави telma.com.mk

Директорот на битолската фирма СВ-Инвест Јове Ѓоргиевски доби две години затвор, а сопственикот и директор на фирмата Новоматрикс Александар Наумов доби 1 година и 11 месеци.

Според истражувањето на Код од пред четири месеци, фирмата СВ-Инвест од Битола во сопственост на бизнисменот Стојан Чифлигароски од 2018 до 2020 година добива тендери од РЕК Битола од 5,7 милиони евра, од кои дел во постапка со преговарање, или популарно наречено „со договор во четири очи“. Од февруари 2019 до март 2020, директор на фирмата е Александар Наумов, а потоа директор станува Јове Ѓоргиевски. По СВ-Инвест, слични тендери од РЕК Битола почнува да добива фирмата Новоматрикс од Битола во сопственост на Наумов и за една година добива 3,4 милиони евра.

„Јове Ѓоргиевски има 45 години, татко е на две малолетни деца, веќе 23 години работи како таксист, превезува патници од Битола до аеродромите. Во време на короната, борејќи се за егзистенција на семејството, приморан да враќа кредит, прифатил да биде управител, не насетувајќи каде ќе заврши“, рече судијката Даниела Димовска при изрекувањето на пресудата.

Од Ѓоргиевски ќе бидат конфискувани недвижности во вредност од 5 милиони денари, а од СВ-Инвест 4 милиони денари, односно вкупно 150 илјади евра.

Од фирмата Новоматрикс ќе биде конфискуван имот во вредност од 28 милиони денари, или 450 илјади евра.

Целиот текст на https://telma.com.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани